Вести Македонија

Пожар на Шар Планина: Од мал оган, за кратко време почнал да шири во сите четири правци

Огнот кој започнал да гори на непристапен терен во Националниот парк Шар Планина, од мал оган на едно место, заедно со ветрот се засилил и продолжил да се шири со голема брзина на сите четири страни. Отежната околност во гаснење на пожарот е тоа што нема пат до локацијата и мора да се пешачи околу 2 километра.

Вработените од паркот постојано се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот во деловите кои се достапни, но сами не можат да се справат со пожарот и бараат помош.

Надлежните од центарот за управување со кризи смируваат дека пожарот не може да се спушти ниско долу или да направи голема штета. Но, апелираат дека, сепак, ќе се најде начин за пожарот да биде изгасен.

Од дирекцијата за заштита и спасување велат авион за гаснење на пожар бил на локацијата, но пожарот, сепак, не е локализиран. По проценка на пилотот  немало услови за повторен прелет и во моментов нема друга можност за да се излезе во пресрет.

Веќе втор ден како е активен пожарот во Општина Теарце. Во текот на вчерашниот увид, е констатирано дека била опожарена површина од околу 5-6 хектари од што дел била букова шума, а дел биле пасишта и папрат. На истата површина пред 4-5 години имало пожар и како последица на него има голем број паднати дрвја што сега горат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе