Вести Македонија

Гас може и да нема, но ќе има казни за горење мазут

Оваа скопска панорама станува секојдневие. Густа магла го прекрива Скопје, додека мерните станици веќе алармантно го издигнуваат главниот град меѓу оние најзагадените. Причините се добро познати, а предизвиците се сè побројни. Енергетската криза е тука, а црвениот аларм е вклучен – скопската панорама ќе стане уште полоша за гледање ако во печките се гори мазут. Ова го знаат и надлежните и апелираат – користете гас. Гас, пак, може и да нема. Но, сигурно е дека ќе има казни ако има греење на мазут. Министерот за животна средина, Нуредини, побара и поголема соработка на активистите со општините, за да се решаваат проблемите.

Во Македонија има вкупно 21 мерна станици – половина во Скопје, а другите распространети низ другите градови. Но, тоа не е доволно сметаат дел од еко-активистите.

Отровите во воздухот се директна причина за многу болести и здравствени состојби. Прецизни податоци нема, но здравствените статистики пресметуваат најголема стапка на смртност, токму во зимскиот период кога и концентрациите на отровните ПМ2,5 и ПМ10 честички во воздухот се преку сите граници. Просечно, околу 1300 животи годишно се на сметка на аерозагадувањето.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе