Вести Македонија Топ вести

Охриѓанец ја искршил таблата на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ и сам се пријавил во полиција

Четириесет и седумгодишен охриѓанец ја искршил таблата, поставена над просториите на новоотворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според него, вчера бил извршен разговор со Г.И.(47) од Охрид, при што било констатирано дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

– Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со јавен обвинител, СВР Охрид до Здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба, стои во информацијата на СВР Охрид.

Охриѓанецот, вчера претпладне со земјоделска алатка ја искршил таблата на која стоеше натписот „Цар Борис Трети“, а потоа сам се пријавил во Полициската станица во Охрид. Делото го извршил самоиницијативно, но не ги навел причините.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе