Вести Македонија

По речиси една година мостот Беласица целосно пуштен за сообраќај

Една година ЕСМ и Градот Скопје се натегаа кој треба да ја заврши работаТа за мостот Беласица целосно да биде пуштен за сообраќај.

Со месеци двете институции си ја префрлаа вината кој ја кочи работата. Последно градот Скопје соопшти дека се чека ЕСМ да ја зварши работата односно да ги постави цевките за да може по Беласица да се вози во двете ленти во двата правци.

Но, на крајот случајно или не пред избори мостот конечно е целосно функционален и тоа без цевките од ЕСМ кој долго време беа изговор зошто тој е половично затворен.

Од тука се поставува прашањето зошто во тој случај мостот Беласица подолг период беше делумно затворен за сообраќај. Телма пред извесен период испрати прашања до ЕСМ до каде е монтажата на цевките од топловодот, но одговори од таму не добивме.

Пред десетина дена тимот од приватниот Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски правеше пробно товарење дали Беласица може да се пушти во употреба и за тешки товарни возила и да се тргнат собраќајните барикади кои означуваат каде можеше да се вози а каде не. По тестирањето без никакво известување од надлежните институции мостот Беласица целосно се пушти во употреба. Барикадите се тргнати на страна возилата движат по двете ленти во двата правци.

Дел од медиумите пак соопштија дека Градот Скопје целосно го пушти мостот, но без да го добие извештајот од пробното товарење. Претходно и професорот Гаревски на својот фејсбук профил соопшти дека на мостот му е потреба мала санација. Мостот Беласица беше оштетен во пожар кој се случи во мај лани. Првично беше целосно затворен за сообраќај поради што настана вистински хаос во градот. Во пожарот настрада и топловодот преку кој скопјани добиваат парно греење.

Неколку пати ЕСМ беше повикан да го санира и да ги промени цевките затоа што станува збор за една од главните топловодни мрежи.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе