Вести Економија Топ вести

Буџетска дупка од 173 милиони евра, неплаќачи на ДДВ се 2.000 фирми и 3.790 граѓани – УЈП се преброи за изминатите три месеци

Најголемите три должници кон УЈП во изминатите четири месеци уште повеќе го зголемиле даночниот долг, покажува Листата на должници што ја објави Управата.

Најголем должник кон УЈП е фирмата „Хант Осој Трејд“ од Скопје, која само за ДДВ должи над 12 милиони евра, 1,5 милиони евра повеќе од пред четири месеци.

Второто место го задржува „Окитна трејд“ од Скопје која, исто така, го зголемила долгот за ДДВ за 1,5 милиони евра и сега должи скоро 12 милиони евра.

Овие две фирми на крајот на 2022 година ги менуваат сопствениците и од Струмица се селат во Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ уште во јануари обвини дека фирмата „Хант Осој“, до крајот на 2022 година се викала „Хантонос“. Тогашниот сопственик Васе Панајотов му ја продава на извесен Агим Имери од Косово, кој добил поврат на ДДВ од 12 милиони евра и исчезнал.

За слични малверзации со поврат на ДДВ, ВМРО-ДПМНЕ обвини и кај фирмата „Окитна Трејд“, која кон крајот на 2022 година преминала од дотогашната сопственичка Зуле Кармзова во рацете на Егзон Бериша од Косово, кој добил поврат на ДДВ од 11 милиони евра.

УЈП демантираше дека имало незаконски исплати на поврат на ДДВ. Парите не им се исплатени на овие фирми, туку се бара наплата на данок од нив, но ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека има докази за спротивното.

На третото место на должници останува фирмата СГСМ-ОИЛ&ГАС Сервис-Подружница во Скопје, која е во сопственост на чешка фирма од Острава. Тие должат 3,7 милиони евра.

На четврто место е фирмата „Грофлер“ од Скопје со 3,5 милиони евра, а топ 5 листата ја заокружува „Комуналец“ од Гостивар со 2,5 милиони евра долг.

На листата на најголеми должници веќе ја нема „Дивелоп Груп“, која пред четири месеци должеше над 2 милиони евра. Фирмата во која косопственик е Јордан Мијалков, син на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, веќе го платила долгот и не е на листата на УЈП.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски ги разгледува деталите од разговорот со Трамп со неговите европски партнери

Дејан Дејан

Давитковски: Уставен суд легитимно ја поништи одлуката на Собранието

Дејан Дејан

Косово со забрана за увоз на пилешко месо од Бразил – причината е појава на птичји грип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе