Вести Македонија Најважни

(ВИДЕО)Љупчо Палевски Палчо стапна на македонско тло

Осомничениот за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, кој беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега, од притворот е превезен со авион од Турција.

Палевски слета и беше директно спроведен во Истражниот затвор Шутка, каде ќе биде сместен во посебна ќелија. Тој нема да има конктакт со останатите затвореници, оброците ќе ги јаде посебно од нив, а прошетките исто така ќе ги прави посебно од другите затвореници.

Во Истражниот затвор Шутка се и другите тројца осомничени помагачи во двојното убиство, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Многу е важно што нафтата паѓа – одлични работи ќе се случат на Блискиот Исток

Mirjana Joveska

Андоновски: Подготвуваме „компактен“ закон за ВИ и македонски јазичен модел кој ќе го чува нашиот дигитален идентитет

Mirjana Joveska

МВР: Пронајден и лишен од слобода сторителот кој денеска опожари две возила пред Бугарската Амбасада

Mirjana Joveska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе