Импровизиран кревет и кујнски нож кој бил забоден на прекинувачот за светло е пронајден во гаражното место на претседателката на уставниот суд Добрила Кацарска, која вчера во полициска станица го пријавила евентуалното загрозување на нејзината безбедност.
Настанот се случил во подземните гаражи во близина на нејзиниот дом во центарот на Скопје.
Ноќеска на полноќ запален е и службениот автомобил на директорот на затворот Идризово, Зоран Јовановски.
Инцидентот се случил на улицата „Михаил и Ефтихиј“, позади економското училиште, во скопската населба Кисела Вода.
Од пожарот бил зафатен и дел од фасада на зграда и предмети на балкони на долните катови од зградата.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пожарот бил пријавен во Полициската станица Кисела Вода во Скопје утрината, во 3 часот и 35 минути.Ова не е првпат да се врши притисок преку вандализам на вработени лица во затворот.
Обвинител и вешти лица од МВР извршиле увид на местото на пожарот.
Прибрани се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел да се утврдат причините за опожарувањето.
Обезбедени се снимки од видео надзор на околните објекти и се преземаат други дејствија.
Инаку директорот на Идризово и судијката Кацарска ги поврзува предметот 27 април за учесниците во насилствата во Собранието.
Кацарска го судеше предметот, додека Јовановски беше дел од поротата.