Вести Свет

Бајден го повика Трамп на ТВ дуел

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека нема да учествува на долгогодишната традиција за три есенски изборни соочувања со противкандидатот на претседателските избори организирани од двопартиската Комисија за претседателски дебати, но го покани републиканскиот ривал Доналд Трамп да одржат две претседателски телевизиски дебати во јуни и септември.

Бајден повика на директни преговори меѓу двата изборни штаба за правилата што ќе важат за време на тет-а-тет средбите, а тој исто така предложи и посебна потпретседателска дебата во јули, објави „Вашингтон пост“.

„Доналд Трамп изгуби две дебати од мене во 2020 година, и оттогаш не се појави на дебата. Сега се однесува како да сака повторно да дебатира со мене. Па, разубави ми го денот, пријателе. Ќе го направам тоа дури двапати. Ајде да ги избереме датумите, Доналд, слушам дека си слободен во среда“, рече Бајден во видео пораката

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе