Вести Македонија

Јакимовски: Ако децата ни се во странство кој ќе се грижи за нивните родители?

Кандидатот за претседател на „ГРОМ“, Стевчо Јакимовски денеска пред граѓаните на Карпош порача дека бројот на пензионери постојано расте, а нладите се иселуваат од земјата и затоа державата мора да се „пресвича“ и да гради институции што ќе се грижат за старите лица.

„Ако децата ни се во странство кој ќе се грижи за нивните родители? Тоа значи дека треба да се отвораат пензионерски домови, односно најмалку 15-тина пензионерски домови низ градовите во Република Македонија“, рече Јакимовски.

Јакимовски предлага да се градат геријатриски центри во склопот на општите болници, во нив да има од 20 до 50 легла и во нив сите граѓани кои се во тешка здравствена состојба да бидат згрижени затоа што луѓето не можат да најдат лице кое ќе се грижи за нив, затоа што нивните деца треба да работат или не се во државата, но државата мора да биде таа која ќе направи институционална форма и ќе води грижа за луѓето кои се во тешка здравствена состојба.

Тој исто така најави дека ќе се залага е ниту едно пензионерско семејство да не остане со приход помал од 25.000 денари, а тоа значи дека секое пензионерско семејство да има барем еден минимум со кој ќе може да ги покрие трошоците за храна, лекови, греење, за вода и за други потреби коишто тие ги имаат.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе