Вести Македонија

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

МВР соопшти дека е поднесена кривична пријава против скопски градоначалник кој во два мандати поставувал директори на детски градинки спротивно на законот.

Станува збор за градоначалникот на Шуто Оризари, 49-годишниот Курто Дудуш кому му е поднесена пријава за дело “несовесно работење во службата” за што во Кривичниот законик се предвидени казни од 6 месеци до 3 години затвор.

Дудуш е градоначалник на Шуто Оризари од 2017-та година. Во продолжение соопштението на МВР:

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353 од Кривичниот законик. Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126.

Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе