Вести Свет

Писториус: Путин е како Хитлер

Германскиот министер за одбрана Борис Писториус во една од неговите изјави синоќа, на промоцијата на новата книга на Винстон Черчил посочи: ,,Војната која ја води рускиот претседател Владимир Путин против Украина, наликува на насилно присвојување на територијата на Чехословачка, од страна на Адолф Хитлер во 1938 година.

Тој порача дека Европа во иднина треба да се подготви за руски напад од многу поголеми размери. Понатаму во неговата изјава додаде дека: ,,Путин нема да запре откако ќе заврши војната против Украина”.

Министерот за одбрана, кој се смета за можен наследник на Шолц, минатата недела повика на олабавување на ограничувањата за задолжување на Германија, со цел да се помогне, во зајакнувањето на германската војска, откако ќе се исцрпи специјалниот вонбуџетски фонд вреден 100 милијарди евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе