Вести Свет

Србија не се согласи со донесените одлуките на Советот на ЕУ поврзани со Украина

Србија е единствената земја-кандидат за членство во ЕУ која не се согласи со донесените надворешно-политички одлуки на Советот на Европската Унија. Одлуките се во делот на кршењето на човековите права поврзани со Украина.

Во соопштението  од денеска, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека на 12 март 2024 година, Советот на ЕУ ја усвои Одлуката за продолжување на рестриктивни мерки против поединци и ентитети кои го поткопуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, за уште шест месеци, а истиот ќе трае до 15 септември 2024 година.

Србија, не се согласи со одлуката на Советот донесена на 22 март 2024 година за вклучување на 33 физички лица и два  правни субјекти на списокот,  за кои се воведени рестриктивни мерки, поради масовни прекршувања и злоупотреба на човековите права.

Со двете нови одлуки на Советот на ЕУ, сите земји кандидати за членство во ЕУ од Западен Балкан, освен Србија, а останатите меѓу кои се Северна Македонија, Црна Гора, Албанија и Босна и Херцеговина се усогласија, со што ќе се осигура дека нивните национални политики се во согласност, а ЕУ ја забележува оваа заложба и истата ја поздравува, се наведува во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Дејан Дејан

Беше на украинскиот фронт од првиот ден на војната – загина двократниот европски првак во кревање товар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе