Вести Свет Топ вести

Наидуваат на апокалиптични сцени – Палестинци се враќаат во разурнатиот Кан Јунис

Палестинците почнаа да се враќаат во Кан Јунис по објавата на израелската војска за крај на воените операции во градот. Најголем дел од нив пристигнаа, како што и заминаа – пеш, на велосипеди и со запрежни коли. Но, наидоа на прав и урнатини. Домовите што ги напуштија се целосно уништени. Услови за живот во моментот нема и ќе нема уште долго, а за нивно воспоставување ќе биде потребно долго време.

Израелските сили објавија крај на воените операции во Кан Јунис и најавија повлекување на, речиси, сите единици. Нивното присуство во областа ќе биде сведено на една бригада, што најмало од почетокот на војната со Хамас пред шест месеци, пред ветувањето за копнена офанзива и на Рафа, најјужниот дел во Појасот Газа. Зад себе во Кан Јунис оставија пустош.

Повлекувањето на израелските сили од Кан Јунис, според многумина, е тактички потег, а не како знак за можен крај на војната. Двете страни викендот испратија свои делегации во Каиро на мировни преговори, во обид да се договорат за втор прекин на огнот од почетокот на војната.

Војната во Газа почна со напад на Хамас на израелска територија на 7 октомври, кога членови на палестинската милитантна група убија 1.200 цивили, а во заложништво однесоа повеќе од 250. Израел одговори со воздушни напади и копнена офанзива во која, според извори во Појасот, се убиени над 33.000 Палестинци.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе