Вести Свет Топ вести

Русите објавија дека влегле во предградие на Часив Јар, Украина негира

Руските сили влегоа во предградие на градот Часив Јар во украинската Доњецка република, јави новинската агенција РИА Новости, цитирајќи го советникот на регионалниот шеф поставен од Москва.

Украинската војска, пак, негира дека руски сили влегле во предградие на Часив Јар, наведувајќи дека во областа се водат борби.

„Ситуацијата таму е многу тешка. Борбите продолжуваат, но тие (руски трупи) не се таму“, изјави Андриј Задубињи, портпаролот на командата на истокот на Украина.

Часив Јар е на околу 10 километри западно од Бахмут и служеше како важно место во кое се наоѓаа украински трупи. Градот важи за силно утврден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе