Вести Македонија Топ вести

Димитровска во „Топ тема“: Од 1.378 државни институции со околу 11.200 службени возила, само 340 со околу 3.590 возила доставија податоци до ДКСК

Сите државни институции, како органи на државна управа, јавни претпријатија, трговски претпријатија, органите од правосудството, односно сите основани од државата имаат обврска да достават податоци до Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на 20 дена од распишување на изборите. Изборите се распишаа на 14 февруари, обврската беше до крајот на месецот, нагласи Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“, на ТВ Телма.

„Во соработка со министерството за внатрешни работи, обезбедивме податоци за 1.378 државни институции кои располагаат со околу 11.200 службени возила, што значи дека користат користат и управуваат службени возила кои што се државен имот. Од оваа бројка на институции, само 340 доставија податоци до Државната комисија за спречување на корупција, што се однесува на околу 3.590 возила. Процентот, секако, е низок, не е задоволително ниво“, истакна Димитровска.

Според законската регулатива, додаде Димитровска, ДКСК има надлежност да покрене прекршочна постапка пред надлежен орган, но потенцира за системска слабост на Изборниот законик кој не уредува висина на санкција со што репресивно би се делувало врз таквите институции.

„Законската регулатива го овозможува тоа. Оваа системска слабост беше посочена на работната група што беше формирана од министерството за правда со која укажавме од потребата на надминување на таа сисметска слабост, меѓутоа истата не се надмина. Како наредните чекори кои ги преземаме од ДКСК се изготвени дописи до сите органи кои што избираат и именуваат, односно Собрание, Влада, единици на локална самоуправа и останати органи со кои што ќе укажеме и посочиме кои институции ги немаат доставено потребните податоци и ќе повикаме на преземање на одговорност на одговорните лица“, изјави Димитровска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе