Вести Македонија Топ вести

Мицкоски: Време е да зборуваме за Собрание со 90 пратеници и една изборна единица

6 столба и 1198 проекти ова се бројките од програмата наречена „Платформа“  со која ВМРО ДПМНЕ ќе бара поддршка на парламентарните избори. Лидерот Христијан Мицкоски вечерва час и половина ги претставуваше проектите од областа на економијата, борба со корупцијата, здравство, социјала, образование.

Линерано зголемување на пензиите за 5000 денари во првата година. Намалување на невработеноста за 7, 5 проценти, нови 55 илјади работни места, ниска инфлација. Мицкоски најави  формирање на нови министерства но и намалување на 10 отсто од институциите со нивно спојување. Како клучна промена го претстави намалување на бројот на пратеници за 1 четвртина и цела држава да биде една изборна единица

Во програмата на ВМРО ДПМНЕ и мерки за ниската доверба во правосудството. Рапуштање на два совета како почетен чекор но и проверка на имотот на судиите и обивнителите.

-Многу е важно судовите и обвинителството да ја повратиме довербата зошто сега речиси непостои и е еднакво на нула и наша цел и задача е овој систем да го обновиме од почеток, а за да го направиме тоа мораме да почнеме од вистинскиот проблем а тоа е судскиот совет и советот на јавни обвинители, безусловно распуштање на овие две структури, а понатаму формирање на истите врз основа на вистински критериуми, критериуми кои ќе значат заштита на правдата, порача Мицкоски.

Во текот на денот низ повеке дебати и партиските функционери ги презнетираа и анализираа проектите. Најавија дека доаѓа крај на попустлива надворешна политика,
но и дека полноправно членство во ЕУ и негување на стратешкото партнерство со САД остануваат меѓу клучните приоритети. Упатија и критики за порграмата на СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ следната недела ќе ги финализира листите и коалициите за парламентрните избори. Од партијата до сега открија дека Мицкоски ќе биде носител во првата изборна единица, Мисајловски во двојката, Ковачки тројката, Николовски четворката, Сајковски  петката и Стојановска во шестката.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе