Вести Македонија

Димитриевски: Конечно дојде време Претседателот да се симне меѓу граѓаните

Движењето ЗНАМ денеска на конвенција ги презентираше носителите на изборните листи.

Носител во првата Изброна единица ќе биде Бобан Карапејовски, професор на Катедрата за македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Носител на листата во Изборна единица 2 ќе биде Даниел Стојчевски, м-р по кривично право, директор на ЈП Чистота и зеленило во Куманово.

Носител на листата во Изборната единица 3 ќе биде Павле Арсовски, генерал-мајор во пензија, доктор по историски науки.

Носител на листата во Изборна единица 4 ќе биде економистот Миле Цеков, претседател на Стопанска комора на југоисточна Македонија

Носител на листата во Изборна единица 5 ќе биде поранешна претседателка и член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска.

Во Изборната единица 6 носител ќе биде Небојша Захариевски, кој е магистер по правни науки.

На конвенција со мотивациски и патриотски говори тие ги презентираа нивните приоритети.

Димитриевски во ист кош ги стави СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и рече дека е време да си заминат од политичката сцена.

„Ние сме Македонци, време е да бидеме свои на своето. Да направиме реални промени во нашата Македонија. Движењето ЗНАМ е субјект кој носи суштинска промена во нашата држава. Оние што 30 години се менуваат, време е да си заминат. Со секоја нивна смена е се полошо и полошо. Време е за нови лица во политиката. Еве ги зад мене, ова се луѓето, рече Максим Димитриевски, лидерот на движењето ЗНАМ и кандидат за претседател на Македонија.

Порача дека Претседателот кој легитимитетот го црпи од граѓаните редно време е да ги слушне што тие бараат, да се симне меѓу нив и да ги слушне нивните барања.

Вети дека доколку тој биде избран ќе биде таков претседател.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе