Вести Свет

Голем руски напад врз Киев, повредени 13 лица, сојузниците ветуваат поголема помош

Тринаесет лица се повредени во бранот руски бомбардирања врз Киев во текот на ноќта, според градските власти вчера, неколку часа пред лидерите на ЕУ да се соберат во Брисел за да разговараат за нивниот понатамошен одговор на конфликтот, јави ДПА.

Четири лица се хоспитализирани по гранатирањето во текот на ноќта, соопшти воената администрација на Киев на Телеграм.

Се вели дека Русија истрелала вкупно 31 проектил во нападот, вклучувајќи крстосувачки ракети, како и хиперсонични ракети Искандер и Кинжал. Сите биле соборени, според украинската војска, пренесе ДПА.

Делови од ракети паднаа во неколку населби, при што беа запалени згради и автомобили, напиша градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко на Телеграм.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски подоцна го пофали американскиот систем за противвоздушна одбрана Патриот инсталиран за заштита на градот.

Руските терористи немаат ракети способни да ги заобиколат „Патриот“ и другите водечки светски системи, напиша Зеленски на „Х“.

Во исто време, тој повика на испорака на нови системи за заштита на целата земја, додавајќи дека „тоа е можно доколку нивните партнери покажат доволно политичка волја“.

Подоцна вчера, според украинските власти, најмалку три лица биле убиени во украинските региони Керсон и Доњецк како резултат на руски напади.

Во Херсон на југот на Укаине, 70-годишна жена беше тешко повредена од гранатирање во едно село вчера попладне и почина кратко време подоцна на пат кон болница, соопшти регионалната воена администрација.

Во источниот регион на Доњецк, според обвинителството, убиени се 60-годишен маж и 66-годишна жена во малиот град Новохродивка. Повредени се уште две лица, пишува германската новинска агенција.

Британското Министерство за одбрана вчера објави дека рускиот напредок е забавен во последните недели, „веројатно делумно поради големите загуби претрпени во кампањата Авдивка“.

Во Брисел, лидерите на ЕУ се согласија дека приходите од руските средства замрзнати во ЕУ треба да се користат за доброто на Украина бидејќи се спротивставува на руската инвазија. Нивната декларација предвидува „можност за финансирање воена поддршка“ со користење на запленетите приходи.

Во меѓувреме, неколку држави на ЕУ се собраа зад чешката иницијатива за набавка на 800.000 артилериски гранати за Украина од земји надвор од Европската унија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе