Вести Македонија

Петровска верува во исправната одлука на тимот за купување на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“

Министерката за обрана, Славјанка Петровска смета дека нема никаква корупција во одлуката за купување на осумте хеликоптери од италијанската компанија „Леонардо“, а својот потпис го ставила на договорот, бидејќи верува во стручноста и професионалноста на македонскиот тим кој ја донел оваа одлука, кои знаат во која насока треба да оди  модернизацијата на Армијата.

Петровска денеска од Штип  истакна дека  двете Влади на Северна Македонија и Италија имаат склучено договор и обвинувањата за  оваа компанија, значи и обвинување кон Италија, што и дипломатски е недозволиво. Италијанската компанија Леонардо во понудата од 230 милиони евра има дадено и пакет за одржување на хеликоптерите. Предвидено е обука за пилотите кои ќе ги летаат  и изградба на сместувачки капацитет, кој ќе биде дел од воздухопловниот ВИНГ во касарната Петровец. Петровска порача и дека како министерство за одбрана се апсолутно подготвени да излезат во пресрет за лекување на Украинските војници.

Денеска во Штип беше организиран отворен ден и граѓаните одблизу се запознаа со дел од вооружувањето, борбената опрема и возилата на АРМ.

Настанот е дел од активностите со кои се одбележуваат 75 години од формирањето на НАТО и воедно четири години од членство на нашата земја во Алијансата.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе