Вести Свет

Блинкен: Заштитата на цивилите во Газа мора да е приоритет

Државниот секретар на САД тврди дека неговата земја работи на воспоставување на поморски коридор кој ќе се користи за достава на хуманитарна помош во поголеми количества во Газа.

Израелската армија претходно погоди центар за дистрибуција на ОН во Појасот, усмртувајќи неколку лица. Во текот на петмесечната војна, Израел уништи над 150 објекти на организацијата којашто е примарниот снабдувач со храна на Палестинците.

„Претседателот беше јасен дека сигурната достава на хуманитарна помош и заштитата на цивилите мора да бидат приоритет. Во таа насока, би рекол дека ако постои волја, постои и начин“, изјави Блинкен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Финансиските пазари пред нови предизвици, ќе дојде ли времето на евтин пристап до финансии?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе