Вести Свет Топ вести

EK со препорака за отворање пристапните преговори со БИХ

Европската комисија ќе препорача земјите-членки да ги отворат пристапните преговори со Босна и Херцеговина, рече претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, која истакна дека земјата покажува дека може да ги исполни критериумите за членство. БИХ е меѓу шесте земји од Западен Балкан, кои се во различни фази од процесот на пристапување во ЕУ, по периодот на војни и кризи во 1990-тите. Нивното членство е во застој со години – но по војната на Русија против Украина, претставниците на ЕУ се позаинтересирани да се обидат да ги оттргнат од руското влијание. Босна е можеби најкревката од балканските земји. Етничките тензии таму опстојуваа, долго по крајот на меѓуетничката војна од 1992 до 1995 година, во која загинаа повеќе од 100.000 луѓе, а милиони беа раселени.

„Се разбира, неопходен е поголем напредок за да се приклучиме на нашиот сојуз. Но, земјата покажува дека може да ги исполни критериумите за членство и аспирациите на граѓаните да бидат дел од нашето семејство. Добрите вести доаѓаат сега. Ова е причината што ќе одлучиме да му препорачаме на Советот да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина. Така што пораката што доаѓа од Босна и Херцеговина е јасна. Значи, нашата порака, како што вие штотуку направивте, мора да биде јасна – иднината на Босна и Херцеговина лежи во нашиот сојуз. Ви благодарам многу и да живее Европа. Ви благодарам“, рече Урсула фон дер Лајен, претседателката на ЕК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кривична пријава за двојното убиство во Стајковци

Дејан Дејан

Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, измамувала граѓани за социјални станови

Дејан Дејан

Не се прифатени тужбите на ДУИ за изборите, одлучи Управниот суд

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе