Вести Свет

Путин го смени главниот командант на морнарицата поради загубите на Црноморската флота

Рускиот претседател Владимир Путин наводно го сменил главниот командант на морнарицата по разорните загуби на Црноморската флота.

Адмиралот Александар Моjсеев треба да биде наследникот на адмирал Александар Евремов, пишуваат руските медиуми.

Црноморската флота се соочи со низа неуспеси за време на војната со Украина. Минатата недела беше потопен и патролниот брод „Сергеј Котов“ кој тежеше 1.300 тони.

Украинската разузнавачка служба соопшти дека седум луѓе загинаа во нападот со дрон врз бродот и објави видео од „Сергеј Котов“ во пламен во близина на Керчкиот теснец. Според досегашни податоци, украинските сили уништиле 23 брода и една подморница од почетокот на војната со Русија.

Според украински официјални лица, околу 20 отсто од руските ракети биле лансирани од Црвеното Море, но оти „успешните украински напади ја намалиле способноста на флотата“.

Русија распореди патролни бродови за да пресретне и спречи напади со беспилотни летала, се наведува во извештај на тинк-тенк Институтот надворешно-политички истражувања.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе