Вести Македонија Топ вести

Меѓународен ден на жената – помалку жени на раководни функции од мажи, различно вреднување на трудот

Во земјава во однос на почитување на правата на жените се бележи напредок, но сепак се уште не се рамноправни со мажите.  Податоците објавени на официјалната Фејсбук страница на Државниот завод за статистика, кои се однесуваат на третото тримесечје од 2023 година говорат дека процентот на жени на раководни функции е помал во однос на мажите, а различно се вреднува и трудот меѓу нив за исто работно место.

Податоците содржани во публикацијата „Жените и мажите“ на Државниот завод за статистика покажуваат дека од вкупниот број работодавачи во 2021 година, само 19 проценти биле жени. Во вкупниот број на вработени лица од 15 до 64 години повеќе застапени се мажите со 56,2 проценти во споредба со жените 43,8 отсто. Жените се најзастапени во професиите како медицински сестри, шивачки, сметководители, наставнички, економисти, продавачки и правни застапници.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе