Вести Македонија Најважни

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка усвоен од Собранието 

Собранието на Република Северна Македонија го усвои Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка.

Со изгласувањето на овој закон се дава зелено светло за воведување на дополнителен антикорупциски механизам во нашето законодавство, со цел да се постигнат поголеми резултати во борбата со корупцијата и организираниот криминал, односно поефикасно справување со неказнивоста и нелегалното стекнување имот.

Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка цели кон заштита на јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува каква било корист од имот, за кој, во постапката согласно овој закон, ќе се утврди дека не бил стекнат од законски извори. Со овој закон се ограничува правото на сопственост во согласност со Уставот, законот и меѓународните стандарди и праксата на ЕСЧП за овој вид на конфискација.

Овој закон не претставува замена за конфискацијата во кривична постапка, туку е дополнителен помошен инструмент и механизам. Особено е важно што со законот се предвидува можност конфискуваниот имот во граѓанска постапка да биде даден на користење за остварување на социјалните потреби и цели во општеството.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе