Вести Македонија

Студентите од битолскиот универзитет ќе може виртуелно да патуваат со првата купола за виртуелна реалност

Студентите од Битолскиот Универзитет ќе може виртуелно да патуваат со првата купола за виртуелна реалност, која е единствена во регионот. Сепак, оваа најнова опрема инсталирана во Центарот за виртуелно инженерство на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, ќе даде нови димензии во наставата и истражувачката работа на УКЛО.

„Ќе се овозможи користење на виртуелната купола на инверзивен и семиинверзивен начин, со што присутните ќе може да потонат во виртуелната реалност и да доживеат ист начин како да биле присутни таму“, изјави деканот на ФИКТ, Благој Ристевски. 

Куполата ќе овозможи популаризација на техничките, инженерските, компјутерските науки, а наоѓа примена и во сите области од образованието, обуки, научни истражувања.

„Дефинитивно сакаме да ја пробаме виртуелната реалност да почувствуваме дека сме на друго место, во други држави но и да ги искористиме најновите системи за да направиме интересни содржини“, вели Томислав Анчевски, студент на ФИКТ.

Центарот за виртуелно инженерство на ФИКТ ќе биде отворен за сите заинтересирани- факултети, универзитети, средношколци, компании велат од УКЛО.

„Очекуваме дека студентите но и сите други ќе можат да добијат, поквалитена обука и настава, поблиска до реалност преку користење на технологија во виртуелната реалност“, вели ректорот на УКЛО, Игор Неделковски. 

Опремата е набавена преку проект финансиран од Европските фондови. Чини 100.000 евра и покрај куполата како најатрактивна, вклучува повеќе компоненти- компјутери, дронови, сензори.

Емилија Мисирлиевски

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Тв Телма / TV Telma (@tvtelma)

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Зеленски го пречека шефот на британската дипломатија Камерон во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе