Вести Македонија Топ вести

Да разговарате со семејството на Леонид Индов за трошоците за рехабилитација – владата му даде „домашна“ на министерот за здравство

Mинистерот за здравство да разговара со семејството и да ги запознае со можните решенија за подмирување на досегашните трошоци за рехабилитација на младиот Леонид Индов.

Ова е заклучок од седмата седница на владата со која се задолжува ресорниот министер од кого се очекува информација за изнајденото конкретно решение. Образложени беа досегашните процедури што се водат пред надлежните институции и се однесуваат на рехабилитацијата на Индов, што се одвива во моментов.

Младиот Леонид Индов моментно е рехабилитација во Виена, каде беше транспортиран со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР).

Леонид Индов минатото лето доживеа тешка несреќа за време на летување во Грција. Момчето ги повреди третиот, четвртиот и петтиот пршлен, дише на респиратор и не може да ги движи екстремитетите. За него во неколку наврати се собираа донации за да може да се извршат потребните операции во Солун, но и за да го продолжи лекувањето.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе