Македонија Топ вести

Се истражува поврзаноста на пожарот во кафе барот Барон и убиството на Туша

Пожар во чаирското кафуле Барон, па убиство на таткото на Гани Туша, осомничен за учество во убиствата во Шиша бар и на Халкидики на водачите на нарко групата Дуќанџик/Грчец. Два инциденти во еден ден, а сега обвинителството проверува дали се поврзани. Телото на застреланиот Зељќиф Туша кај скопското село Блаце го пронашол неговиот брат Насер Туша кој е вработен во МВР, во интервентната полиција.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во близина на Блаце, каде беше пронајдено безживотно тело на маж со прострелни рани. При увидот подигнати се траги кои ќе бидат предмет на вештачење. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а јавниот обвинител даде насоки да се извршат проверки и да се преземат дејствија за обезбедување на докази“, соопштија од ОЈО.

Името “Барон” го носи и криминалната група чиј припадник е Гани Туша, кој е во притвор. Угостителскиот објект со истото име беше запален вчера рано наутро. На видеото кое го доби Телма се гледа дека тројца маскирани лица со тврд предмет ја крши влезната врата на кафе барот.

Другите двајца влегуваат внатре со туба во рацете. А водачот останува надвор и чува стража гледајќи кон улицата. Откако ја разлеваат запаливата материја внатре, двајцата маскирани излегуваат и нивниот водач ја потпалува течноста со запалка. Влезот на објектот почнува да гори, а едниот од нив за малку избегнува да биде запален и тројцата маскирани бегаат. Се се случува за половина минута.

„Во однос на пожар во угостителски објект во Чаир, увид извршила увидна екипа на МВР. Подигнати се траги од лице место, обезбедени се снимки од видео надзор. Според првичните сознанија, пожарот е подметнат. Се постапува за откривање на сторителите и за проверка на евентуална поврзаност на двата настани“, соопштија од ОЈО.

Гани Туша е осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки на Халкидики и за вмешаност во убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енис Исеионов во Шиша бар во Скопје пред една година.  КОД објави и неколку истражувања и за пресметките на скопските нарко банди. Туша е припадник на групата Барон/Беланоца која е во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Пред нас е милионски долг за враќање, ќе се искористи ли новата милијарда која се најави за  раздолжување?

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе