Вести Македонија Топ вести

Пред тетовскиот суд два предмети – чие име ќе го впише како претседател на Алијанса на Албанците, Таравари или Села

Кој конгрес е легитимен и кој е претседател на Алијанса на Албанците  Таравари или Села. Тетовскиот суд има два предмета пред себе и се уште не донел одлука чие име ќе го впише како претседател на партијата дали на Арбен Таравари или на Зијадин Села.

Не само од кај Таравари туку  и од таборот на Села пристигнала инцијатива до тетовскиот суд за промени во судскиот регистар на партиите.  Од судот за Телма потврдуваат дека имаат два предмети но се уште не пресудиле чие име ќе стои на чело на партијата дали на Арбен Таравари или на Зијадин Села

  • До Основен суд Тетово доставени се две барања за упис на промени во судскиот регистар на политичките партии во кој како барател и во двете барања се јавува Алијанса на Албанците со седиште во Тетово. Двата предмета се заведени во уписник РПП, за кои што се уште нема одлука, велат од Основен суд Тетово.

По расколот во партијата двете крила одржаа конгреси а следуваа и обвинувањата кој партиски собир бил нелегитимен. На конгресот свикан од Таравари  беше укината функцијата на Села како претседател на партиското собрание . Два дена подоцна на конгрес кој го свика Села беше донесена одлука да го разрешат Таравари и на чело на партијата да се врати Села.

Кој ги има потребните документи за да застане на чело на партијата одлука ќе донесе основниот суд но незадоволната страна ќе може и да се жали на одлуката. Од тоа ќе зависи и кој табор ќе може да настапува на изборите како Алијанса на Албанците.

Одлуката на судовите е важна и за ДИК. Според роковникот листите на кандидати  се доставуваат најдоцна на 02 април во ДИК а оние каднидати за пратеници кои немаат зад себе партија треба да собираат  1000 потписи најдоцна  до 8 март

Таравари деновиве во интервју најави дека ќе ја почитува секоја судска  но сигурен е  дека и во централното претседателство, и во централното собрание, и кај членовите на конгресот, имаме мнозинство. Тој откри и дека  ги поделил канцелариите. Тој седи во тетовската, а скопската ја користи Села.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе