Вести Македонија

Партијата Десна ја поддржа Зорица Цветковска во собирањето потписи за претседателска кандидатура

Партијата Десна ја поддржа Зорица Цветовска во собирањето 10 илјади потписи за кандидат за претседател. Името на Цветковска се појави на лисатата на кандидти кои собираат потписи уште во петокот, на првиот ден од рокот, но од партијата Десна објавија  дека застануваат зад нејзината кандидатура по конгресот што го одржале вчера вечер.

Цветковска е член на Надзорниот одбор на партијата, а засега нема повеќе информации за нејзината биографија на вебстраната на партијата. Според податоците објавени на вебстраната на ДИК заклучно со вчера 20 часот собрала 99 потписи.

Според париското соопштени на вчерашниот конгрес Десна донела одлука и за измени и дополнувања на партискиот Статутот. „Тие измени, во рок од 30 дена ќе бидат доставени до Основниот граѓански суд во Скопје на одобрување и внесување во картотеката на ДЕСНА“, пишува во соопштението без детали за какви промени станува збор.

В.д. претседател на партијата е Тони Алексовски,  а на преходниот претседател Љупчо Палевски Палчо осомничен за грозоморните убиства на Вања и Панче им е замрзнато членството и функцијата.

Министерот за правда Лога за време на посетата во Турција на почетокот на месецот, за Телма изјави дека очекува постапката за екстрадиција да заврши брзо.

Судскaта постапка за екстрадицијата на Палевски е завршена и во прв и во втор судски степен во Турција и е потребен завршување на административниот дел, односно МНР на Турција да стави свој потпис на екстрадиција,  изјави тогаш Лога.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе