Вести Македонија Топ вести

Или прием во Влада или блокада на „Бехтел&Енка“ – жителите на Бањица порачаа дека ќе постават шатори за одбрана на нивите

Шатори ќе постават и ќе спијат во нив, но нивите не ги даваат. Во нив нема да влезе никој, бидејќи тие се нивна егзистенција. Ова се дел од пораките што жителите на гостиварска Бањица ги испратија до Владата од денешниот протест на кој изразија револт околу експропријацијата на земјиштето за работите на автопатот од Коридорот 8, пренесува gostivarpress.mk.

Тие велат дека имале средба со владини претставници пред отприлика еден месец на која го изнеле нивниот предлог за локација за камп за работниците кои ќе бидат ангажирани на изградба на автопатот. Се договориле да се видат повторно на разговор, но велат од тогаш немаат никаков абер и затоа се чувствуваат изиграно.

„Во Владата се видовме со вицепремиерот Артан Груби, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за патишта Рустем Ејупи. Го кажавме нашиот алтернативен предлог тие бараки-камп за екипите што работа на коридорот да се градат кај старите касарни, наместо на нашите ниви. Таму има површина од околу 330.000 метри квадратни. Рекоа дека ќе го земат тоа во предвид. Побараа да дадеме време од десетина дена за нашиот предлог, потоа се формираше техничка Влада, но поминаа месец дена, не сакаат да имаат средба. Фактички нè лажат“, рече Насир Асипи во име на граѓаните.

Тие се незадоволни и од сумата за експропријација од 650 денари за метар квадратен земјиште која според нив е премала. Реагираа и оти никој од надлежните институции не ги информирал дека е предвидено да се врши експропријација на нивните ниви, туку одеднаш почнале да добиваат покани да си подигнуваат решенија за трајно одземање на земјиштето.

Доколку не добијат средба, тие најавија радикализирање на протестот со блокада на работата на „Бехтел&Енка“ која би била активна до новата средба и разговори со владини претставници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе