Вести Македонија Топ вести

И Максим Димитриевски собра 10.000 потписи за претседателската кандидатура

Лидерот на партијата „За наша Македонија“ (ЗНАМ), Максим Димитриевски вечерва на својот фејсбук-профил објави дека ги има 10.000 потписи колку што се потребни за кандидат за претседател на државата на изборите и им се заблагодари на граѓаните за поддршката.

„Над 10 000 потписи за кандидат за Претседател. Благодарам за поддршката. Продолжуваме заедно до конечна победа! #ЗНАМ #ДвижењеЗНАМ #ЗаНашаМакедонија“, напиша Димитриевски на Фејсбук.

Тој стана трет кандидат кој ги собра потребните потписи, по Бујар Османи од ДУИ и Арбен Таравари од Алијанса. Двајца кандидати, Претседателот Стево Пендаровски и пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова ќе се кандидираат со поддршка од 30 пратеници.

Уште 9 кандидати собираат потписи додека еден се откажа. Најблиску до потребната доза од 10.000 потписи се Билјана Ванковска од Левица и Стевче Јакимовски од ГРОМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе