Вести Македонија Топ вести

Големата кашлица ги напаѓа нецелосно вакцинираните деца, во Скопје 12 нови случаи, во Штип нема заболеми, имунизацијата е над 90%

Големата или меѓу народот позната како магарешка кашлица се шири низ Скопје, каде што денеска се регистрирани 12 нови случаи. Најголем број од случаите се нецелосно вакцинирани.

Според Комисијата за заразни болести, во наредниот период ќе расте бројот на заболени со пертусис и кај повозрасната популација.

Но, тоа не претставува ризик за возрасните бидејќи за нив постои антибиотска терапија. Иако само во Скопје е прогласена епидемија, сепак од страна на Министерството за здравство сите вакцинални пунктови во земјава имаат добиено насоки и наредба пунктовите за вакцинацијата да работат во две смени. Во штипскиот регион не е регистриран ниту еден случај на голема кашлица.

Во штипско-карбинскиот регион имунизацијата на децата против пертусис е над 90 проценти. Ширењето на оваа болест низ помалата популација низ Скопје и неколку градови се зголеми и нивото на свесност кај родителите, но го вклучи и алармот и кај детските градинки.

Вакциналните пунктови во Здравствените домови низ државата се отворени од 7 до 19 часот, со цел да им излезат во пресрет на радителите, а здравствените работници кои ги имаат прочешлано вакциналните картони ги повикуваат родителите да дојдат и нивните деца ги примат вакцините.

Викторија Јованова Димитровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе