Вести Македонија Топ вести

ДУИ условуваат, СДСМ одбиваат уцени, само Вевчанци нудат Господин за претседател

ДУИ ќе го условува составот на идната влада со прифаќање на нивното барање, претседателот на државата да се избира во Собранието. Иако деновиве негираа дека ќе го бојкотираат вториот круг на изборите доколку Османи излезе од понатамошната трка, сега признаваат дека и евентуалната поддршка за нечиј друг кандидат ќе биде условена, и покрај одбивањето на нивната идеја од двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ.

Социјалдемократите одбиваат притисоци.

Досега потребните 10 илјади потписи ги собра само кандидатот на ДУИ, Бујар Османи,  со што и официјално влегува во трката за претседателската функција. Засега сигурен против-кандидат му е Гордана Сиљановска Давкова, која депонираше 30 пратенички потписи, но викендов ќе почне и со собирање на потписи. Актуелниот претседател, Стево Пендаровски, кој ја ужива поддршката од СДСМ, потписи од граѓаните ќе собира од понеделник, по партискиот конгрес.

Повеќе од половина од потребните потписи за кандидатура собраа и претседателските кандидати на Движењето ЗНАМ, на опозициските партии на Албанците и на Левица.Стевчо Јакимовски има под пет илјади гласа.

Предизвикот е поголем за кандидатите зад кои стојат помали партии, а за кои се потпишани помалку од илјада граѓани, како и за назависните кандидати, за кои бројката е речиси недостижна. Кандидатот Томе Николоски ја повлекол кандидатурата, револтиран од фактот што ДИК немаат канцеларии во сите општини. Испратил и барање до претседателот на комисијата, да се зголеми бројот на подрачните канцеларии или да се искористат месните заедници, но не добил одговор.

Потписи собираат и двајца членови на ВМРО ДПМНЕ, доктор Вело Марковски, кој до сега собрал 682 потписи и претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорги Манасков, кој има 186 потписи.

Кандидатката Зорица Цветковска е поддржана од партијата „Десна“ со која до неодамна претседаваше Љупчо Палевски. Засега има собрано 99 потписи.

Кандидатот со најинтересно име, Господин Попоски, е градежен работник од Вевчани кој досега собрал 19 потписи. Неговите вевчанци деновиве се шегуваат дека само Вевчани нуди господин за претседател.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе