Вести Македонија Најважни

Димитриевски, Таравари и Ванковска блиску до целта во трката за потписи

Градоначалникот на Куманово и лидер на ЗНАМ, Максим Димитриевски е блиску да му се приклучи на Бујар Османи кој веќе ја обезбеди потребната бројка од 10 илјади потписи за кандидатура за претседателските избори.

Димитриевски, според последниот пресек од Државната изборна комисија има 8.400 потписи.

Претендентот на здружените албански оПозициски партии Арбен Таравари направи скок во собраните гласови. Од нешто помалку од 2.000 дојде до 7.513 откако партиите кои го подржуваат активно тргнаа во собирање на потписи.

Кандидатката на Левица, Билјана Ванковска до крајот на вчерашниот ден собра 6.247 потписи.

Стевчо Јакимовски има 4.718.

Останатите кои се обидуваат да соберат потписи се под бројката од 1000.

Кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ имаат поддршка од 30 пратеници и не треба да собираат граѓански потписи.

Собирањето граѓанска поддршка трае до 8 март на полноќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе