Вести Македонија Топ вести

Адамчевски во „Топ тема“: Ниту мирот во Украина е на повидок, ниту перспективите се розеви, војната ќе заврши со преговори

Ситуацијата на руско-украинската војна е статус-кво, со мала офанзива на Русите. Украинците се во дефанзива, но тоа не значи дека офанзивата на Русите ќе продолжи и понатаму, смета Мирче Адамчевски, колумнист на „Фактор“, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Мирот не е на повидок. Путин најави оти крајот на војната ќе биде во 2026 година. Зеленски најави дека Украина во моментот ќе се повлекува и ќе се подготвува за нова офанзива во 2025 година. Значи, до крајот на годинава може да очекуваме војна, а таа војна ќе продолжи и во 2025 година“, истакна Адамчевски.

Тој смета оти е многу тешко да се каже како ќе се развиваат работите во иднина.

„Оваа година е година на големи избори. Путин е, нормално, дека ќе ги добие изборите во Русија. Прашање е на процентот на поддршка, колку ќе биде над 80. Мошне интересно ќе биде во Америка, затоа што ќе има дуел мешу Бајден и најверојатно Трамп како што се развиваат работите. Евентуалното доаѓање на Трамп на власт, може многу да промени работите во Украина. Да не заборавиме дека ќе има избори и во Европа, каде полека се засилуваат десните сили и ќе има не само европски избори, туку во многу држави ќе има и парламентарни. И резултатите од тие избори можат да влијаат врз развојот на настаните во Украина“, истакна Адамчевски.

Перспективите не се розеви, заклучува Адамчевски. Војната ќе има со сигурност, вели тој, и додава дека никој не може да гарантира кога ќе дојде нејзиниот крај, иако, според него, крајот ќе биде на преговарачка маса.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе