Вести Македонија Топ вести

Данела и Стевчо сметаат дека е нелегален ДУП-от во Ѓорче Петров- градоначалникот на Ѓорче ги демантира

Со кривични пријави и иницијативи пред Уставниот суд. Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски ќе го оспоруваат ДУП-от на Општина Ѓорче Петров во делот карши пазарот  донесен минатата недела на вонредна седница. Сметаат дека е донесен незаконски,  а го спорат и тоа што се планира изградба на 31 зграда од кои највисоката е 21 кат. Арсовска најави криивчни пријави за градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојковски, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, претседателот на Советот Ленче Нелоска и една вработена во Министерството за транспорт и врски.

„За овој план во претходни два наврати градот Скопје дал негативно мислење и белешки за кои општината била должна да ги отстрани и повторно да го испрати деталниот урбанистички план на одобрување во градот. По две негативни мислења градоначалникот Александар Стојковски одлучил кршејќи го законот да го прескокне градот Скопје и планот како конечен да го испрати на одобрување во Министерството за транспорт и врски“, изјави Данела Арсовска, градоначалничка на Град Скопје.

 

„Поминаа два дена откако Општина Ѓорче Петров на криминален начин го донесе деталниот урбанистички план кој се наоѓа во непосредна близина на населбата Влае, односно на границите со Општина Карпош, каде се предвидуваат триесетина згради од кои најголем број се 20-катници и 14-катници. Барам претседателот на Совет да свика вонредна седница и да донесеме одлука со која овој урбанистички план за првпат ние како општина ќе побараме поништување на Уставниот Суд“, изјави Стевче Јакимовски, градоначалник на Општина Карпош.

Градоначалникот на Ѓорче Петров смета дека Арсовска и Јакимовски сакаат да создадат страв и параноја мегу жителите. Една по една пред медиумите ги покажуваше сите согласности што ги добил од институциите. Од градот Скопје не добил одговор вкупно 51 работен ден иако тоа по закон биле должни да го сторат во рок од 5 дена.

„Десет пати подолго го држат документот кај нив и не даваат никаков одговор. Иако за само пет работни дена се должни да дадат одговор. Согласно овој закон се смета дека Министерството за транспорт и врски и понатаму смета дека мислењето е позитивно. Така да, нејзините теории дека постапката за носење на деталниот урбанистички план се спорни и криминални паѓаат во вода. Најодговорно тврдам дека целата постапка е законска“, изјави Александар Стојкоски, градоначалник на Општина Ѓорче Петров.

Арсовска и Јакимовски алармираа дека ќе се градат и хемиски фабрики. Стојкоски одговара дека не знаат да ги читаат плановите и дека станува збор за само еден објект од лесна и незагадувачка индустрија.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца прилепчани носеле 3 килограми марихуана и автомат со рент-а-кар

Дејан Дејан

Дејан Дејан

Договор во три фази кој вклучува повлекување на Израел од Газа – Хамас прифати предлог за примирје кое би водело до траен прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе