Вести Македонија

Затишје во Алијанса, за изборите ќе одлучува Централното претседателство

Крајната одлука за тоа дали Алијанса за Албанците ќе се приклучат кон опозицискиот фронт или ќе одат сами на избори, ќе ја носи Централното Собрание на партијата. Претседателот Арбен Таравари денеска одлучи да молчи, откако вчера предизвика лавина од реакции со објавата на Фејсбук, во која бара поддршка од партиските тела, да настапат како дел од опозицискиот фронт. Најави дека од утре ќе ја запознае јавноста со случувањата во партијата која се подели за ова прашање.

Синоќа доби поддршка само од министерот за здравство, Фатмир Меџити, а веднаш му се спротивставија министерот за правда, Кренар Лога, претседателот на Централното собрание и поранешен прв човек на партијата, Зијадин Села, како и потпретседателката Илире Даути. Го обвинија Таравари дека има „шверцерски“ тенденции и напишаа дека тој како поединец не одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Нивните коалициони партнери во власта, пак, не сакаат многу да коментираат за бурата во Алијанса за Албанците. Претседателот на СДСМ, кој деновиве се сретна со Таравари, тврди дека воопшто не разговарале за заеднички настап на изборите, а дека со Села не се ни сретнал.

Вицепремиерот, пак, вели дека секој политички субјект има право да одлучи како ќе се позиционира пред изборите, но е оптимист дека на крајот Алијанса за Албанците ќе застанат на нивна страна.

Маричиќ е убеден дека овие случувања нема да ја загрозат техничката влада и дека таа ќе опстане до крајот на мандатот, односно до денот на изборите.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе