Вести Македонија

Нема африканска чума меѓу дивите свињи на Шар планина

На Шар Планина не е детектирана африканска чума кај дивите свињи, велат од Јавната установа која раководи со Националниот парк, откако Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) објави информација дека болеста е потврдена на ловиште за крупен дивеч во село Вејце и дека не е евидентирана кај домашната популација свињи.

По нивните препораки, Установата, во соработка со четири ловечки друштва кои имаат концесии, од ноември минатата година спровеле санитарен отстрел во кој учествувале повеќе од 1.500 ловџии. Примероците биле испратени на испитување.

„Од сите тие ловни денови, 57, резултатот е 13 негативни резултати. Така што можам да кажам дека од наша страна, од страна на ЈУ Национален парк, се преземени сите возможни мерки“, изјави Анела Ставревска Панајотова, раководителка на Одделение за заштита на природа – ЈУНПШП.

Од Установата информираат дека и во проверките на терен на ренџерските служби нема угинати животни со болеста.

И на терен немаме детектирано ниедна угината дива свиња кај која е детектирана болеста. Имаме детектирано неколку примероци, еве конкретно ќе кажам за една дива свиња којашто е угината при удар од кола, таму се работи за смрт од скршеница и кај таа не е детектирана болеста“, информира Ставревска Панајотова.

Од Националниот парк сметаат дека АХВ, треба ги ревидира информациите дадени во јавноста.

„Да излезе информација дека на ловиште за крупен дивеч на територија на Шар Планина е некоректно, затоа што на Шар Планина не е востановео ловиште за крупен дивеч. Во самиот договор помеѓу нашата институција и АХВ пишува дека договорот се однесува за целата територија на Национален парк, така што јас би замолила отворено, пред цела јавност да ги ревидираат своите информации, затоа што по анализите коишто ги имаме сите резултати се негативни“, апелира Ставревска Панајотова.

Африканска чума е вирусно заболување кај домашните и дивите свињи кое предизвикува големи економски загуби. Првиот случај во земјава беше потврден во јануари 2022 година.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе