Вести Македонија

Колку повеќе трае штрајкот воп ФЗО, толку побрзо ќе дојдат проблемите за рецепти, боледувања, капитации

Во зависност од тоа колку ќе трае штрајкот на вработените во Фондот за здравстено осигурување (ФЗО), толку побрзо ќе се јават проблеми во препишување на рецепти, во продолжување на боледувања, како и во исплата на капитациите за матичните лекари и стоматолози.

Вработените во ФЗО бараат платата да остане на ниво на веќе исплатената декемвриска плата, а од утре за граѓаните на шалтерите ќе има само по еден вработен за итни потреби. Министерот Меџити веќе на следната седница на Влада во вторник најави дека ќе го отвори ова прашање.

Иако е непопуларна мерка, веќе е донесена одлука за штрајк, вели претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Работниците ќе протестираат и ако поминат низата закони со кои власта сака да ги намали платите, додава тој.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе