Вести Свет

Нов кров над глава – клучеви од станови за 7.275 лица кои останаа без дом во разорните земјотреси во Турција

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им врачи клучеви од новоизградените станови на граѓаните кои останаа без покрив над главата во разорниот земјотрес пред една година во провинцијата Хатај.

„Денеска во Хатај предаваме клучеви од станови на 7.275 корисници, од кои 6.572 се во нашите провинциски и окружни центри, а 703 се во руралните области“, рече Ердоган, јавија турските медиуми.

Тој потсети дека земјотресот на 6 февруари 2023 година предизвика големи разурнувања во 11 провинции, 124 окрузи, 7.000 села и населби, а катастрофата директно погоди 14 милиони граѓани.

На градежните работи моментно се ангажирани 110.450 работници на околу 930 градилишта во 11 градови погодени од земјотресот.

Според проценката на штетите во 11-те градови погодени од земјотресот, вкупно 850.000 единици, од кои 680.000 домови и 170.000 комерцијални објекти, биле сериозно оштетени и неупотребливи.

Штетата предизвикана од земјотресот беше проценета на 104 милијарди долари, додека повеќе од 53.000 луѓе загинаа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Пентагон: Руските трупи влегоа во американска база во Нигер

Дејан Дејан

Остин: Нема индиции дека Хамас планира напад врз американски војници во Појасот Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе