Вести Свет Топ вести

Уште еден брод погоден во Аденскиот залив во нов напад со дрон

Британската Агенција за поморски трговски операции соопшти дека уште еден брот во Аденскиот Залив бил мета на напад со дрон.

Пловилото се уште не е идентификувано но она што се знае е дека по експлозијата на бродот избил пожар.

Според објавата на агенцијата на социјалната мрежа Икс, инцидентот се случил на околу 60 наутички милји југоисточно од Аден, Јемен.

Одговорноста за нападот ја презедоа јеменските Хути за кој тврдат дека во сопственост на САД.

Тие и изминатиот период напаѓаа комерцијални бродови во областа, за кои сметаат дека се поврзани со Израел или патуваат до израелските пристаништа.

За нивните операции велат дека се со цел да им дадат поддршка на Палестинците и Хамас во војната во Газа.

Американските и британските сили минатата недела одговорија со десетици воздушни и поморски напади врз цели на Хутите во Јемен на што Хутите реагираа пркосно, велејќи дека нема да престанат да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море, додавајќи дека сите британски и американски бродови за нив се „легитимни цели“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе