Вести Свет Топ вести

Во Давос почнува Светскиот економски форум – под тема „Враќање на довербата“

Во Давос денеска почнува 54. Светскиот економски форум кој ја собира светската бизнис елита и шефовите на држави од десетици земји ширум светот.

Oвогодишниот форум, кој ќе трае до петок, се одржува под тема „Враќање на довербата“ и ќе се осврне на голем број теми поврзани со острата ескалација на геополитичките тензии и глобалните трговски грижи поврзани со Блискиот Исток.

Инфлацијата и економскиот раст, војната во Украина, технолошките промени и глобалната фрагментација се исто така високо на агендата на настанот.

Меѓу највисоките политички фигури кои се очекува да присуствуваат на Давос се кинескиот премиер Ли Чијанг и францускиот претседател Емануел Макрон, и двајцата ќе имаат специјални обраќања.

Макрон е единствениот шеф на државите од Г7, кој ќе учествува на форумот во Давос.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ганц му постави ултиматум на Нетанјаху, илјадници Израелци на антивладини протести во Тел Авив

Дејан Дејан

Во одредени професии недостигаат кадри

Дејан Дејан

Голем дел од пролетната зелка остана во нивите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе