Вести Свет Топ вести

Трамп во убедливо водство – Републиканците го почнаа изборот за кандидат за претседателските избори во САД од Ајова

Од Вашингтон за Телма

Јане Бојаџиевски

Најпрво, додека демократите преферираат нивната пратеничка група да гласа по пошта за претседателскиот кандидат и актуелниот претседател Бајден, републиканците заземаат централно место во медиумите, кога поддржувачите се собираат лично во Ајова, за да го изберат својот кандидат, за републиканска номинација.

Прво снегот, а потоа екстремно ниски температури, ги замрзнаа настаните од кампањата во државата Ајова викендот пред пратеничката група на 15 јануари. Поранешниот претседател Трамп ги откажа повеќето од настаните. Поранешната амбасадорка на ОН, Ники Хејли, исто така, префрли многу од средбите со граѓаните на интернет. Одлучувачка победа во Ајова ќе го зацврсти статусот на Трамп како фаворит. Неговите ривали, пак, се обидуваат да се наметнат како главна алтернатива на поранешниот претседател.

Зошто се важни пратеничките групи во Ајова? – Која е разликата во оваа сојузна држава во гласањето меѓу републиканците и демократите?  

Партиските собири – кокусите, се сметаат за прва слика на поддршка за претседателските кандидати. Обично, тие минуваат месеци во кампања низ Ајова, тестирајќи ги нивните политички пораки и нивната привлечност. Оние кои нема да минат добро во оваа држава, понекогаш одлучуваат да се откажат од трката. Републиканската партија ги одржува своите кокуси на 15 јануари. Демократите од Ајова, пак, од друга страна, го избираат својот кандидат целосно преку гласање по пошта во овој изборен циклус и резултатите ќе ги објават на 5 март, на таканаречениот „супер вторник“.

Весникот „Де Мојн“ од Ајова објави дека Трамп има водство од 48 проценти меѓу веројатните републикански кандидати. Поранешната гувернерка на Јужна Каролина, Ники Хејли, која беше амбасадорка во ОН во администрацијата на Трамп моментно има околу 20 отсто. Некогаш се сметаше дека е најверојатниот предизвикувач на Трамп за номинацијата, но гувернерот на Флорида Рон ДеСантис продолжува да паѓа во анкетите, сега регистрирајќи само 16 отсто поддршка според најновите локални анкети. Меѓутоа, во случајот со републиканците, Ајова не беше сигурен барометар за национална поддршка. Ниту еден од победниците на последните три партиски собири – во 2016, 2012 и во 2008 година – не ја доби партиската номинација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таравари: Сѐ уште е рано за да се каже кој колку министерства ќе води во идната Влада

Дејан Дејан

Доцни сеидбата на ориз во Чешиново Облешево

Дејан Дејан

Коѕијас ја критикува грчката влада за неспроведување на Договорот од Преспа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе