Вести Свет Топ вести

Украинските војници од првата линија на фронтот – Зеленски не ја кажува вистината, нè праќаат во залудни битки, насекаде има мртви

Украински маринци веќе два месеца предводат напад преку реката Дњепар, во јужниот регион Херсон, со цел да преземат територија од руските сили. Нивната операција е дел од најновиот обид на Украина во противофанзивата, која е оценета како неуспешна, да ја пробие руската одбранбена линија на југот и да се обиде да направи пресврт во војната.

Војниците и маринците кои учествуваа во преминување на реката Дњепар, за „Њујорк тајмс“ ја опишаа офанзивата како брутална и залудна. Тие тврдат дека бројни војници умирале и пред да стигнат на другата страна на реката.

Шест војници кои прифатија да разговараат за „Њујорк тајмс“, под услов на анонимност од безбедносни причини, ги опишаа борбите како брутални.

„Ноќе седевме во вода, а гранати паѓаа насекаде околу нас. Соборци ми умираа пред очи“, рече маринецот кого „Њујорк тајмс“ го објави како Максим, додека неговоте команданти не дозволија новинарска посета на воените единици во Херсон.

Неколкумина војници и маринци за „Њујорк тајмс“ изразија загриженост поради преголемиот број на жртви и преоптимистичните изјави на официјални претставници за напредок на офанзивата. Главниот штаб на Оружените сили на Украина не сакаше да ги коментира изјавите на војниците. Од таму и ветување дека наскоро ќе се произнесат за ситуацијата на терен.

„Новите единици кои стигнуваат на источниот брег мора да газат врз тела на војници кои лежат во калта“, рече искусниот Олексеј кој во октомври се бореше околу селото Кринки, на 30 километри низводно од Херсон.

Со оглед дека украинската противофанзива запна, а САД и Европската Унија покажуваат знаци на замор, офанзивата преку реката се следи со внимание. Украинците се надеваат дека ќе успеат да продрат доволно длабоко и да станат закана за руските линии за логистика и нивните позиции на југот.

Украински официјални лица од почетокот на војната настојуваат да одржат позитивен наратив за воените дејствија. Бројот на жртви не е објавен, како ниту детали за неуспесите на што ги претрпеа украинските сили. Во случајот на Дњепар, претседателот Зеленски и други претставници неодамна истакнаа дека маринците направиле упориште на источниот брег. Министерството за надворешни работи минатиот месец излезе со соопштение во кое тврдеше дека се подигнати неколку упоришта. Но, војниците и маринците кои биле таму велат дека таквите извештаи не се точни.

„Нема позиции. Не постои нешто како набљудувачница или положба. Таму е невозможно да се зацврстите, таму е невозможно да се премести опрема, тоа дури не е ниту борба за опстанок. Тоа е самоубиствена мисија“, додаде Олексеј.

Според него, лошата подготовка и логистика на украинските команданти го десеткувале неговиот баталјон. Ранетите се оставаат поради недостиг на чамци, вели тој, и додаде дека бруталните услови го деградираат моралот меѓу војниците.

„Луѓето кои завршуваат таму не се психички подготвени. Тие не разбираат каде одат. Командатните кои ги праќаат во битка ништо не им кажуваат. Вакво нешто не бев видел ниту во Бахмут, ниту во Соледар. Бесмислено е“, нагласи Олексеј.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кои се пратениците кои ќе му се придружат на Мицкоски?

Дејан Дејан

 „ Парови “ во Драмски театар, за љубовта како жртва на проекциите на луѓето за себе си

Дејан Дејан

Израел одговара пред Меѓународниот суд на правдата за геноцид- Јужна Африка бара судот да нареди прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе