Вести Свет

Српската опозиција обвинува за кражба на вчерашните избори

Српската напредна партија однесе убедлива победа на вчерашните парламентарни избори освојувајќи двојно повеќе гласови од прозападниот опозициски блок „Србија против насилството“. Но, оваа коалиција не ги признава резутлатите од локалните избори во Белград со појаснување дека на гласање незаконски се доенсени луѓе од Република Српска да гласаат на белградските избори.

Уште на самиот почеток дека изборите, зборувајќи во целина, апсолутно не беа одиграни во фер услови. Тоа го знаевме од самиот почеток, но опозицијата немајќи друг избор сепак одлучи на „трча“ на нив. Тоа што го видовме, значи од почетокот на самата кампања, неможноста да им се пристапи на медиумите со национална фреквенција, највалканите кампањи против учесниците од опозицијата кои ги имавме од 2000 година. Јас мислам дека тоа се генералните услови во кои се одиграа овие избори. Тоа што се случи вчера, во текот на изборниот ден, а тоа е особено релевантно за Белград беше некој вид на капка која ја прели чашата, значи зборуваме за илјадници гласачи кои беа донесени од соседните држави со фиктивни адреси во Белград, да гласаат за белградските избори, изјави Срѓан Цвијиќ од белградскиот центар за безбедносна политика.

Сепак, за аналитичарите оваа реакција на опозицијата е задоцнета.

Тие мораа во 8 часот вечерта, според мене, лидерите да излезат, а не портпаролот како што направија тие, да излезат лидерите и да кажат „ние не ги признаваме резултатите од Белград. Ние имаме сериозни сомнежи дека изборите се украдени, ние резултатот не го признаваме и ги повикуваме луѓето на протест.“ Тие не го направија тоа, тие се појавија дури во 11 вечерта после сите останати лидери и партии, и дури тогаш во 11 вечерта го кажаа тоа што го знаеја уште во 8 вечерта и ништо не се промени, и не повикаа на протести. Мислам дека тоа е големо разочарување за гласачите на „Србија против насилството“ и мислам дека е голема веројатноста протестот да не биде ниту приближно толку масовен колку што треба да биде за да има ефект каков што таа коалиција посакува, вели Дарко Чачиќ, уредник во новинската агенција БЕТА.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе