Вести Македонија Свет

Деценија после скопската општина Центар: Македонскиот рецепт за изборна измама се пресликува на изборите во Белград

Невладината ЦРТА во Белград излезе со тврдење дека е забележано како гласачи надвор од Белград, но и надвор од Србија (Република Српска и БиХ, како и Косово и Метохија) се носат организирано и систематично да гласаат на избирачки места во главниот град Белград каде покрај вонредните парламентарни се одржуваат и вонредни локални избори.

Опозицијата се надева на победа во главниот град бидејќи има поголема поддршка отколку во останатиот дел на Србија.

Раша Недељков од ЦРТА, организација која ги набљудува изборите посочи дека е регситрирано како на повеќе локации во Белград доаѓаат автобуси и комбиња од Босна и Херцеговина или од Косово, а луѓето потоа со автомобили се префрлаат на повеќе избирачки места низ целиот Белград. Збирното место за луѓето од Република Српска, според Недељков, било во околината на спортската Штарк Арена во Нов Белград.

-Најголемата загриженост предизвикува голем број на забележани случаи на систематично и организирано носење на избирачи во Белград од други места во Србија и од други земји. На повеќе пунктови во Белград е забележано концентрирање на автобуси, комбиња и обични возила, а патниците од нив потоа се развезуваат кон избирачки места во разни делови на градот. Нашите набљудувачи забележаа вакви пунктови за организирано доведување на луѓе во Белград на повеќе локации во градот. Во Нов Белград утврдивме дека збирното место за гласачи од Босна и Херцеговина, главно од Република Српска, беше околу Штарк Арена. Меѓутоа тоа не е единствено место, рече Раша Недељков, од ЦРТА за забелешките на нивните набљудувачи.

Специјалниот известувач на Телма Марија Дивитарова и снимателот на Телма Фуат Сулејман присуствуваа на двете прес конферекции на ЦРТА. На првата, Недељков посочи дека забележливо е дека станува збор за луѓе кои не живеат во Белград бидејќи откако ќе излезеле од автомобил со кој се носени на групно гласање не знаеле како да стигнат до гласачкото место.

Станува збор за пресликување на македонскиот рецепт од локалните избори во општина Центар пред точно една деценија. Тогаш владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од премиерот Никола Груевски не сакаше да дозволи победа на опозицискиот кандидат Андреј Жерновски и се обиде со носење на гласачи од Пустец но и други градови од Македонија да оствари победа во Центар.

Локалните избори во Центар беа поништувани двапати, но на крај сепак победи кандидатот на тогашната опозициска коалиција на СДСМ и ЛДП. ВМРО-ДПМНЕ пак сакаше да ја задржи власта во Центар поради проектот Скопје 2014-та но и поради плацевите на Водно за кои подоцна се покажа дека ги купувал поранешниот премиер Никола Груевски.

За изборите подоцна СЈО отвори предмет, а истраги имаше и за Шамарите во Центар, Плацевите на Водно, но и за проектот 2014-та. Дел од судењата беа сопрени откако Собранието ги усвои, а претседателот Пендаровски ги потпиша измените на Кривичниот законик со што функционерските злоупотреби застареа и обвинетите не одговараа за дела за кои беа обвинети.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе