Вести Македонија

Телма дознава: Почната е постапката за екстрадиција на Палчо, осомничениот за грабнувањето и убиството на девојчето Вања и велешанецот Панче

Почната е постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо, првоосмничениот за грабнувањето и убиството на 14-годишната Вања и 74-годишниот Панче. Од Правда за Телма ја потврдија информацијата и додаваат дека во моментов се прибираат документите од институциите.

Палевски беше фатен во Турција кај градот Беликесир, од страна на турската полиција. Тој од Скопје бил превезен во Белград каде бил оставен во еден хостел, по што на 2-ри декември, друг возач Стефан Димковски го возел Палчо од Белград до граничниот премин со Турција на граничниот премин Капетан Андреево. Вчера и тој беше уапсен од македонската полиција на граничниот премин Дојрани.

Официјално започната е и истрага, а кривичната пријава е напишана на повеќе од 100 страници.

Опфатени се 5 лица, еден за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршување на убиство и еден за помагање при грабнување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе