Вести Свет Топ вести

Во напад во Ерусалим загинаа три лица, а други троојца се во критична состојба – примирјето меѓу Израел и Хамас е продолжено за уште еден ден

Три лица се убиени во палестински напад на еден од влезовите во Ерусалим, јави израелската полиција. Шест други се ранети, а тројца се уште се во критична состојба.

24-годишна жена почина на местото на нападот на кружниот тек Гиват Шаул, додека 73-годишен маж и жена на 60-годишна возраст биле прогласени за мртви во медицинскиот центар Шааре Зедек, каде службите за итна помош ги пренеле критично повредените. Останатите се префрлени во болница.

„Двајцата терористи пристигнаа на местото на настанот во возило вооружени со огнено оружје. Овие терористи пукаа кон цивили на автобуска станица, а потоа беа неутрализирани од силите на безбедност“, соопшти полицијата.

Овој напад пак доаѓа во време кога примирјето меѓу Израел и Хамас е продолжено за уште еден ден, како што соопшти катарското Министерство за надворешни работи.

Хамас ослободува по 10 израелски заложници дневно во замена за 30 палестински затвореници, а Израел дозволува дополнителна помош за Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД со јасен став за ограничената употреба на динарот во Косово

Дејан Дејан

Регистрирани 150 земјотреси во близина на Неапол во јужна Италија

Дејан Дејан

Телма дознава: Приведен е Иџет Мемети, член на Совет на јавни обвинители

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе