Балкан Вести

САД со јасен став за ограничената употреба на динарот во Косово

Американскиот Стејт департмент изрази јасен став, но упати и критики поради затворањето на шесте филијали на српската „Банка поштенска штедилница“ на северот на Косово од страна на косовската полиција.

Тие сметаат дека акцијата не е доволно искординирана со меѓународните партнери и ова доведува до зголемување на тензиите во Косово. Портпарол на Стејт департментот, во изјава за Гласот на Америка во Приштина, изјави дека дејствувањето на Косовската полиција може да влијае негативно во решавањето на споровите со  Србија, за која е потребно преку разумен дијалогот да се дојде до заеднички договор.

Портпаролот истакна дека „Владата на САД постојано бара координација меѓу нашите Влади“ за да се поддржи напредокот на Косово на неговиот евроатлантски пат.

Стејт департментот ја повтори загриженоста на САД во врска со мерките на Централната банка на Косово за ограничување на употребата на српскиот динар.

„Ја повикуваме косовската Влада да се врати на конструктивните заложби во дијалогот посредуван од ЕУ како вистински пат за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија и да одговори на основните потреби на сите свои граѓани – вклучувајќи ги и потребите на српското малцинство – кои се негативно погодени од неодамнешните промени во регулативата за валутата“, изјави портпаролот на Стејт департментот за Гласот на Америка.

Косовската полиција изјави дека операцијата за затворање на филијалите на таа банка е изведена во соработка со Централната банка на Косово и Косовската даночна администрација, и дека целта била „воспоставување на ред и законитост“, нарекувајќи ја српската банка на северот од земјата нелегална. Според полицијата, конфискувани се околу милион и 600 илјади евра, 74 милиони и 700 илјади динари, 19 илјади и 500 франци, 13 илјади и 800 американски долари, 40 австралиски долари, како и документација и други докази“.

Шефот на Канцеларијата за Косово во Владата на Србија, Петар Петковиќ ја опиша акцијата како „Уште еден насилен чин на укинување на српските институции на север и прогон на српскиот народ“.

Тој рече дека „Албин Курти сака војна и страдање за српскиот народ, бидејќи сè што прави во последните месеци, го прави исклучиво за протерување на Србите од територијата на Косово“.

Акцијата спроведена во понеделникот се случи речиси четири месеци по стапувањето во сила на регулативата на Централната банка на Косово според која еврото е единствената валута што може да се користи за готовински плаќања во Косово.

Косово и Србија се договорија да разговараат во Брисел со посредство на Европската унија за изнаоѓање решение за прашањето за исплатите, но безуспешно.

Дипломатите ја повикуваат Владата на Косово да ја повлече регулативата на Централната банка и да им даде време на погодените граѓани да се приспособат на ситуацијата. Ова прашање стана тема на несогласување меѓу Приштина и западната дипломатија и негативно се одрази на квалитетот на партнерството со САД.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гркинка вработена во ОН обвинета за проневера на над еден милион долари

Дејан Дејан

11-годишен ученик од Прилеп паднал од трети кат во училиште во Прилеп

Дејан Дејан

Годишно околу 170 нови случаи на рак на грлото на матката во Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе