Сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен западен ветер. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и услови за појава на краткотрајно невреме особено во северните делови од земјата.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Информации од ова утро: 21.5.2024 год
Минимална температура (во °C)
10 Попова Шапка, 12 Лазарополе, 13 Берово, Маврови Анови, 14 Крушево, Крива Паланка, 15 Охрид, Дебар, 16 Скопје-Петровец, Кавадарци, 17 Битола, Прилеп, Виница, 18 Струмица, Дојран, Велес, Куманово, Демир Капија, Гевгелија, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, 19 Штип.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
22 Крива Паланка, 3 Куманово, 1 Лазарополе.
Забелешка: Количините на врнежи се од дождомерните места на УХМР и локално количината на воден талог може да варира и да биде поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
